13
Познати се стартните состави на Шкендија и Слован Братислава за мечот кој од 18:45 часот се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките од петтото коло во Конференциската лига.
За разлика од претходните два натпревари кога Бесарт Ибраими почнуваше од клупата, овојпат капитенот на Шкендија ќе го стартува мечот.
Стартни состави:
Шкендија: Гаје; Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер; Зејнулаи, Рамадани, Ќака; Спахиу, Ибраими, Љатифи
Слован Братислава: Такач; Бајриќ, Кашиа, Вимер; Блекмен, Ибрахим, Покорни, Сандро Круз; Марцели, Мак, Вајс