205
Познати се стартните состави за натпреварот меѓу Карабах и Шкендија во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион со изменет тим оди во реваншот во кој брка негатива од 0-1 од Скопје. Од првата минута овојпат на теренот се најдоа Ќака и Зејнулаи, а изостанаа Алхасан и Красниќи.
- Почетни состави за натпреварот:
Карабах (4-3-3): Кочалски; Силва, Мустафазаде, Медина, Јафаргулиев; Бикаљо, Јанковиќ, Кади; Андраде, Ахундѕаде, Зубир.
Шкендија (4-2-3-1): Гаје; Вебстер, Цаке, Фетаи, Трумчи; Ќака, Рамадани; Латифи, Зејнулаи, Тамба; Ибраими.