Стариот проблем повторно ја бранува селекцијата на Германија: Никогаш никој не играл со двајца голмани…

by bojan
2 минути читање
Германија

Мануел Нојер и Марк Андре Тер Штеген повторно ја разбрануваа селекцијата на Германија, голманот на Барселона се пожали од статусот, па доби ироничен одговор од колегата од Баерн Минхен.

Мануел Нојер е неприкосновен помеѓу стативите во репрезентацијата на Германија, па без разлика колку добра сезона имал Марк Андре Тер Штеген, голманот на Баерн Минхен секогаш е прва опција.

Ова не му се допаѓа на играчот на Барселона, кој сега уште еднаш изрази незадоволство од ситуацијата.

„Секако дека е разочарувачки, но мора да се почитува одлуката на тренерот, и покрај тоа што не се сложувам со неа. Европското првенство е голем настан, би сакал да играм, не го кријам тоа. Мислам дека имам многу аргументи во моја корист. Затоа одлуката не му беше лесна на тренерот и на крајот од денот, морам да ја прифатам“ – вели Тер Штеген.

Кратко потоа дојде одоговорот од Мануел Нојер, кој иронично порача дека никогаш никој не играл со двајца голмани.

„Ова е добро познат проблем, и никогаш немало тренер кој играл со двајца голмани…“ – вели играчот на Баерн Минхен.

„Го разбирам дека не му е лесно, се работи за голман од светска класа кој покажува добри перформанси. Но ова е составен дел од фудбалот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани