Стариџ суспендиран и казнет со 75.000 фунти, го излажал брат му дека прави трансфер во Севиља

by
1 минути читање

Фудбалската
асоцијација на Англија во ноември 2018 година отвори постапка против Даниел
Стариџ и го обвини дека ги прекршил правилата за обложување.

Медиумите уште
тогаш шпекулираа дека се работи за давање инсајдерски информации на блиски
роднини и пријатели за тоа каде напаѓачот ќе ја продолжи својата кариера во
зимскиот преоден рок во 2018
година.

Независна
регулаторна комисија сега го разгледа целиот случај и соопшти дека играчот е
виновен по две од единаесет обвинувања. Има докази само за тоа дека Даниел
Стариџ му кажал на својот брат Лион да стави пари на Севиља како следен негов
клуб.

Ваквиот трансфер
сепак не се реализираше откако трите страни не успеаја да се договорат.
Англичанецот на крајот заврши на позајмица во ВБА каде играше до финишот на
сезоната 2017/18 и потоа се врати на Енфилд.

Поради
прекршување на правилата за обложување, Даниел Старич доби суспензија од шест
недели и парична глоба од 75.000 фунти. Со оглед на тоа дека четири недели се
условна казна, напаѓачот всушност ќе биде надвор од терените само до 31. јули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×