Челси и Ливерпул одиграа одлично дерби, домаќините беа поблиску до победата, но ја пропуштија во финишот од натпреварот.
Тимот на Сари подобро го почна мечот, со гол на Азар во 25. минута поведе со 1-0.
Азар во второто полувреме имаше уште една фантастична можност да го зголеми водството, излезе сам пред Алисон, но бразилскиот голман овој пат беше поуспешен.
Ливерпул имаше неколку одлични шанси за гол, Џердан Шакири сам небранет од никого не успеа да го погоди голот на Кепа.
Но, затоа Даниел Стариџ по само три минути откако влезе во игра, во 89. минута постигна неверојатен гол од далечина за конечни 1-1.
По седум одиграни кола Манчестер Сити и Ливерпул се на врвот со по 19 бода, Челси има 17, сите три екипи се уште не доживеале пораз во Премиерлигата оваа сезона.