Стаорци оставени на плакетата на Гризман (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона дојде
до минимална победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид во дербито на 15 коло во
шпанската Примера, а синоќа воедно се случи и враќање на Антоан Гризман на „Ванда
Метрополитано“ арената.

Сосема очекувано,
францускиот офанзивец не беше пречекан со раширени раце од страна на домашните
фанови, постојано добиваше свирежи од гледалиштето, а дека има нешто повеќе од
тоа, доволно ни говори еден детал пред арената во шпанската престолнина.

Стаорци-играчки
беа оставани на плакетата наменета за Французинот пред „Ванда Метрополитано“,
со што навивачите јасно порачаа дека тој за нив е предавник, а воедно истата
плакета дополнително ја пречкртаа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×