Станковски: Велс е клучен, се надевам дека нема да биде исто како против Белгија

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонија се собра во Скопје и сега во мислите е натпреварот со Велс кој е последен од квалификацискиот циклус во борбата за Светското првенство. Иако претходно е закажан пријателски меч со Летонија, главната преокупација со сигурност се Велшаните.

По собирот во Скопје своите очекувања од следните предизвици ги сподели играчот за врска Лука Станковски.

Што се однесува до натпреварот со Летонија, како и секогаш, Македонија, оди на победа. Денес секоја репрезентација има свој квалитет, така што очекувам одличен натпревар, да стекнеме самодоверба и да дојдеме до посакуваната победа. Против Велс е клучниот натпревар од квалификациите. Се надевам дека овојпат нема да биде слично како против Белгија, но и тој натпревар беше дел од нашата тактика и успеавме да извлечеме добар резултат. Тактиката е задача на селекторот, а наша задача е да ја спроведеме на терен. Се надеваме на добар настап и на освоени три бода во Велс. Искрено, не мислам дека сè зависи од среќата, иако и таа е фактор во денешниот фудбал. Ние имаме јасна тактика и верувам дека тоа ќе биде клучот за успех“, изјави Станковски.

Натпреварот против Летонците е закажан за в четврток во 18:00 часот. Потоа репрезентацијата ќе отпатува во Велс, каде што клучниот меч е закажан за 18 ноември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×