15
Македонскиот репрезентативец Лука Станковски настапи во ремито (0-0) против Ирска, а по натпреварот кажа дека посакувале победа, но не успеале да го надиграат домаќинот.
Станковски влезе во текот на вториот дел и имаше некои забележителни продори.
„Ова беше тежок натпревар, се надевавме на позитивен резултат по мечот по Данска. Таков е фудбалот, некогаш ќе победите, некогаш ќе изгубите, наше е да дадеме сè за националниот дрес. Имавме неколку полу-шанси, сакав да победиме, но за жал таков е фудбалот. Се надеваме на позитивни резултати во следните натпревари“, кажа Станковски.