Станковиќ седна на клупата на Звезда: Се договоривме за една минута!

by Стефан
1 минути читање

Дејан Станковиќ и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Црвена звезда, откако денеска беше промовиран како наследник на Владан Милојевиќ, со кого белградскиот клуб претходно спогодбено ја прекина соработката.

Легендарниот поранешен фудбалер се враќа на клупата на „црвено-белите“, а на денешната прес-конференција изрази и благодарност до својот претходник.

„Сакам и јавно да му се заблагодарам на Милојевиќ за сè што направи за клубот. Со Звезда се договоривме за една минута, размислував само како ќе изгледа сè, не дали ќе прифатам. Не можеш да избираш еден трофеј или едно натпреварување. Тука сум за да одговорам на сите предизвици. Имаме силна екипа, имаше мал замор, но овие момци тренираат од јуни. Можно е во ноември и декември да падне мотивацијата, но тоа ќе го смениме“, изјави Станковиќ.

Станковиќ, кој има 47 години во првиот мандат ја предводеше Црвена звезда во периодот од јануари 2019 до август 2022 година и успеа да освои три титули во домашното првенство и два трофеја во Купот на Србија.

Новата соработка меѓу Црвена звезда и Станковиќ е договорена до 2028 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×