Станковиќ: Мурињо падна во несвест кога дозна дека ќе бидам тренер на Црвена звезда

by
1 минути читање

Дејан Станковиќ е пред голем предизвик, иако има мало тренерско искуство, доби доверба да го превзеде кормилото на Црвена звезда.

Тој денеска беше промовиран пред новинарите и откри дека за новата авантура добил многу честитки, дури и од големиот Жозе Мурињо.

„Точно е дека сум почетник, но цел живот сум дел од фудбалот, многу работи научив од големи фудбалери, имам и ментори кои веруваат во мене и ќе ви покажам дека ќе се борам како лав“ – вели популарниот Деки.

„Имаме група „Триплета“ во која се момците со кои во 2010 освоивме три трофеи. Жозе падна во несвест, ми пиша „Деки, ти ли?“. Ми посака многу среќа. Разговарав и со мојот кум и ментор, Синиша Михајловиќ. Секако, ќе барам совети, но мојот збор ќе биде последен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×