Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, денеска претрпе пораз во дуелот против Италија која во Битола славеше со 1-0.
Според селекторот на Горан Станиќ, Македонија натпреварот го почнала малку нервозно и имала преголем респект кон противникот.
„Ова беше тежок меч, во првите 20 минути влеговме нервозно, играчите го преценија противникот, како одминуваше времето се опуштивме и игравме се подобро. Но, ништо не е страшно, игравме со двете најдобри репрезентации во групата, ако продолжиме вака мислам дека ќе освоиме многу бодови во групата. Лигите каде што играат нивните играчи и нашите се нешто друго. Концентрацијата која ја имаат тие и ние е многу различна. Ние работиме на тоа да бидеме фокусирани максимално, но не успеваме. Тие имаа една шанса која ја искористија, ние имавме такви шанси, но не ги искористивме. Немавме среќа да постигнеме гол, тоа е тоа.
Во првиот натпревар нашите млади фудбалери беа поразени од Полска во Краков со 3-0.