„Газета дело Спорт“ објавува дека неколку клубови од Премиер лигата покажуваат сериозен интерес за голманот на Рома, Миле Свилар, кој со настапите оваа сезона го сврте вниманието на европската фудбалска јавност.
Српскиот чувар на мрежата брани во одлична форма и е еден од најконстантните поединци во составот на римската екипа, што дополнително ја зголемува неговата пазарна вредност и интересот од финансиски помоќните средини.
Според истиот извор, Тотнем, Челси и Борнмут внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да се вклучат во трката за неговиот потпис во наредниот преоден рок.
Рома, пак, нема намера лесно да се откаже од својот голман, а се наведува дека евентуалниот трансфер би можел да достигне сума од околу 70 милиони евра.