Срѓан Захариевски се врати во Пелистер!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Пелистер денеска го потврди Срѓан Захариевски за нов тренер и наследник на Влатко Костов кој доби отказ по првиот дел од сезоната.

Захариевски своевремено веќе работеше во Пелистер во 2017 година и за него ова ќе биде враќање во битолскиот клуб по осум години.

Новата година е време за нов почеток за нашиот клуб. Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме нашиот нов шеф на стручниот штаб. Срѓан Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година.

51-годишниот стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција“, објави Пелистер.

Подготовките за новата сезона Пелистер со Захариевски ќе ги започне на 8 јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани