Среќата не беше со Меси, Аргентинецот три пати ја тресеше стативата, но и покрај тоа Барса тргна со победа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во отсуство на
Нејмар, Суарез и Иниеста и нови засилувања за офанзивата, вечерва сите очи беа вперени во Лео Меси,
Аргентинецот имаше одличен натпревар но среќата не беше со него.

Тој дури три пати
ја тресеше стативата, но и покрај тоа, Барса стигна до триумф од 2-0.

Победникот беше
решен во првиот дел во период од 120 секунди.

Најпрво Тошка си
постигна автогол во 37. минута, а две минути подоцна Серхи Роберти стрелаше
прецизно за 2-0.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани