Сопругата на Диого Жота, Руте Кардосо ја откри последната порака која му ја испратила на напаѓачот пред трагичната смрт.
Следната недела ќе биде објавена автобиографска книга за Диого Жота, која е направена во соработка со неговите родители, неговата сопруга, поранешните соиграчи и тренери.
Медиумите сега откриваат одредени детали и споделуваат која била последната порака на неговата сопруга.
Десетина дена пред трагичната смрт на фудбалерот на Ливерпул, дој направи свадба, но за жал Диего Жота никогаш не го погледнал видеото од веселбата.
„Љубов моја, кога ќе застанеш, јави ми се, имам нешто да ти покажам…“ – гласела пораката на Руте Кардосо, која сакала да му сподели на Диого Жота дел од снимките.