Србите ја загубија битката со Норвешка за момчето кое таму го споредуваат со Халанд!

by 24 фудбал
1 минути читање

Габриел Ларсен Рајковиќ е Норвежанец со српско потекло, а на само 15 години го привлече вниманието на фудбалската јавност откако доби повик во репрезентацијата на Норвешка до 16 години.

Младиот офанзивец истовремено го потпиша и својот прв професионален договор со Валеренга, кој важи до 2029 година.

Рајковиќ игра на позицијата лево крило и веќе се истакнува во младинските категории. Во досегашната кариера постигна 50 голови на 89 натпревари, поради што во Норвешка го споредуваат со Ерлинг Халанд.

Иако настапува за младинските селекции на Норвешка, поради српското потекло во иднина постои можност да го избере и дресот на Србија на сениорско ниво. Сепак, во моментот Србите ја загубија битката и Ларсен Рајковиќ одбра да игра за скандинавските селекции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×