Србинот Митровиќ може да ја продолжи кариерата во Италија

by Стефан
0 минути читање

Српскиот напаѓач, Александар Митровиќ не беше регистриран за Ал-Хилал во домашното првенство и кариерата би можел да ја продолжи во Италија.

Имено, интерес за Митровиќ покажала Рома која би можела да тргне по неговиот потпис.

Најдобриот стрелец во српската репрезентација така би заиграл заедно со Паоло Дибала, а според многумина тоа би можело и тоа како да му одговара, познавајќи ги квалитетите на Дибала и неговите асистенции.

Ангажман на Митровиќ во Рома би бил прв за него во италијанскиот фудбал, српскиот голгетер оссега го носеше дресот на: Партизан, Телеоптик, Андерлехт, Њукасл и Фулам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×