Србија со деби гол на Самарџиќ одигра реми во Австрија (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Австрија и Србија одиграа 1-1 во првиот меч од плејофот за влез во А односно испаѓање во Б лигата од Лигата на нации.

Србија се бори да остане во А лигата, а Австрија се труди да влезе таму. Мечот заврши нерешено, резултат кој им одговара на Србите пред реваншот кој е за три дена во Белград.

Австрија беше многу подобра во првото полувреме, а таквата игра ја зачини со убав гол на Грегорич во 37. минута.

Во вториот дел Србите заиграа многу подобро, а тоа резултираше со прекрасен погодок на Лазар Самарџиќ, негов деби гол за Србија со кој израмни на 1-1, што беше и конечен резултат.

Во другите плејоф мечеви кои се играа денес постигнати се следниве резултати: Турција – Унгарија 3-1, Ерменија – Грузија 0-3, Бугарија – Р. Ирска 1-2, Грција – Шкотска 0-1, Косово – Исланд 2-1, Словачка – Словенија 0-0, Украина – Белгија 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани