Репрезентацијата на Србија која веќе ги загуби шансите за место во баражот со поразот во претходното коло од Англија денеска запиша победа на свој терен против Летонија од 2-1.
Имаа проблеми Србите и во денешниот натпевар, Гутковски ги доведе Летонците во водство во 12. минута, а во продолжение гостите можеа да дојдат и до втор гол, но со одлични две интервеенции Рајковиќ го спаси својот гол.
На паузата Србија имаше негатива, додеека во вториот дел заигра многу подобро, меѓутоа мора да се каже и дека селекторот Пауновиќ ги погоди измените. На стартот од второто полувреме во игра влегоа Катаи и Станковиќ, токму тие двајца ги постигнаа головите за целосен пресврт. Прво Катаи израмни во 49. минута за Станковиќ потоа да погоди за целосен пресврт.
Во вториот натпревар од оваа група Англија со 2-0 славеше во Тирана против Албанија и така квалификациите ги завршува со максимални осум победи и тоа без примен гол. Двата гола во второто полувреме за „Гордиот Албион“ беа дело на Хари Кејн.
На преостанатите два натпревари во истиот термин Украина дома го совлада Ислаанд со 2-0, додека Франција славеше над Азербејџан со 3-1.