283
Репрезентацијата на Србија многу потешко од очекуваното дојде до победа над Летонија и со минимални 0-1.
Херој на српската репрезентација беше напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ кој го постигна единствениот гол на средбата во 12. минута.
Vlahovic GOL
— Juventus News Live (@juvenewslive) September 6, 2025
pic.twitter.com/eRAC7lEpbU
По тој гол гледавме еден натпревар со малку шанси и најмногу се играше на средината од теренот.
Можеше Србија таквата игра скапо да ја плати бидејќи Летонија во самата завршница имаше голема прилика, меѓутоа Миленовиќ спаси од гол-линијата.
Србија сега има седум бода во групата и во следното четврто коло ги чека многу потежок предизвик во кој ќе играат против Англија на домашен терен.