Репрезентацијата на Србија „бега“ од Белград поради Вучиќ

by riste
1 минути читање

Српската фудбалска репрезентација наредните натпревари нема да ги игра во Белград, а не е познато до кога ќе трае таквата ситуација.

Атмосферата во Србија, а особено во Белград е тешка поради политичките случувања во оваа земја.

Последната спортска катастрофа на Србите им се случи во Англија кога беа поразени и на теренот каде примија пет гола, но и на трибините кога платеници на Вучиќ тепаа луѓе затоа што го навредуваа претседателот.

Вучиќ не сакаше и овој меч да се игра во Белград, но Англија е премногу голема за да игра во друг српски град. Англичаните немаа намера да патуваат во Лесковац или Зајечар, а од друга страна интересот за натпреварот беше голем, па требаше да се игра на најголемиот стадион.

Но, ова е последен меч на репрезентацијата на Србија во Белград во догледно време. Мечот меѓу Србија и Албанија најверојатно ќе се игра во Лесковац.

Во изминатите години Србија ја подобри инфраструктурата кога е фудбалот во прашање, па има неколку стадиони надвор од Белград кои можат да бидат домаќини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×