Ждребката во квалификациите за Светското првенство во 2026 година сакаше во иста група да се најде Србија и Албанија, а овој натпревар привлекува посебно внимание во регионот поради политичката ситуација помеѓу двете земји.
Изјава на таа тема даде поранешниот репрезентативец на АЛбанија, Адријан Алјај кој не е задоволен што неговата селекција ќе игра со Србија.
„Србија не требаше да биде во нашата група поради спортски и политички причини. Малку сум поблиску до вас и можам да ви кажам дека натпреварот со Србија не е нормален.
Тоа е нешто надвор од фудбалот. Нема мир помеѓу Албанците и Србите и тоа ќе бидат многу напнати натпревари и полни со омраза. Кога е фудбалот во прашање, Србија има кваалитет да победи и во Албанија“, ијзав Алјај.