Србија направи од готово – вересија против Камерун, реми со шест голови (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Србија му „подари“ реми на Камерун, наместо со сигурна игра на средината на теренот да го одржува водството од два гола разлика, тие дозволија да примат два гола од контра напади и да ја пропуштат победата.

Камерун одлично го почна мечот, во 29. минута поведоа со гол на Кастелето.

Во првата минута од судиското продолжение Павловиќ реализираше со глава по еден центаршут на Тадиќ, Србија израмни на 1-1.

Само две минути подоцна, Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигна гол со шут од далечина, Србија направи комплетен пресврт и со водство од 2-1 замина на одморот.

По осум минути игра во второто полувреме, одлична акција на Србите која ја заврши Митровиќ за предност и од 3-1. Во тие моменти се чинеше дека Србија ќе го добие овој меч, ќе треба само рутински да ја одработи завршницата.

Но, така не размислуваа и Камерунците. Во 63. минута Абубакар постигна гол со прекрасен лоб и намали на 3-2.

Три минути подоцна по една контра на Камерун, Абубакар додаде до Чупо-Мотинг кој реализираше за израмнување на 3-3, што беше и конечен резултат.

Подоцна во денот играат Бразил и Швајцарија, Србите ќе треба да навиваат за Швајцарците за да останат со реални шанси за пласман во осминафиналето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани