Селекторот на Србија, Вељко Пауновиќ, е многу блиску до продолжување на соработката со Фудбалскиот сојуз на Србија. Според информациите што ги пренесува „Спортклуб“, двете страни усно ги усогласиле клучните точки и останува само финализација на договорните детали.
Најважниот момент е тоа што Пауновиќ ќе ја води репрезентацијата до 2030 година, односно до завршувањето на Светското првенство што ќе се одржи истата година. За официјализација сè уште е потребна формална потврда од Извршниот одбор на ФСС.
Како што беше веќе најавено, Пауновиќ нема да биде селектор само во класична смисла, туку ќе има пошироки ингеренции и одговорност за целокупната спортска политика.
Откако ја презеде функцијата селектор, Пауновиќ ја водеше Србија на две средби и запиша пораз од Англија на Вембли со 2-0 и победа над Летонија во Лесковец со 2-1.