Избраниците на Благоја Милевски во петок на домашен терен
ја пречекуваат соодветната селекција на Србија во рамките на квалификациската
група „7“, по одличниот старт и триумфот на гости кај Ерменија со 0-3, ова
според дел од фудбалерите е вистинскиот предизвик.
„Ова е нов и
сосема поинаков натпревар од првиот во квалификациите против Ерменија. Србија е
многу силна репрезентација и еден од фаворитите во нашата група. Ние повторно
треба да бидеме силно мотивирани, добро да ги одработиме подготовките и да се
надеваме на нов успех. Ќе направиме сѐ што можеме одново да ги израдуваме
навивачите и да останеме на првото место во групата“ вели Петар
Петковски.
„Ова
е почеток на подготовките, се надевам дека ќе бидеме здрави и ќе одработиме
најдобро што можеме. Одлично ги започнавме квалификациите, но Србија е
вистински предизвик. Имаат неколкумина фудбалери кои настапија и на ЕП во
Полска, сигурно ќе бараат добар резултат и во Скопје, но јас се надевам дека
многу од работите ќе зависат и од нас. Верувам дека можеме до нов позитивен
резултат“ истакна Ремзифаик Селмани.
Дуелот со Србија е предвиден да се одигра на Тренинг
центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, при Фудбалската Федерација на
Македонија.
Извор/Фото-вест: ffm.mk