Срамота, лидерите на Милан немале храброст во лице да му кажат на Монтела дека повеќе не е тренер

by
1 минути читање

Милан не ги
бележеше посакуваните резултати откако изминатово лето беа потрошени преку 200
милиони евра за засилувања, па често се говорше дека Винченцо Монтела ќе добие
„клоца“.

Токму тоа се
случи утрово, „Росонерите“ со соопштение на Твитер објавија дека Винченцо
Монтела е разрешен од должноста и на негово место е именуван Џенаро Гатузо.

И покрај тоа што
висеше столчето на стратегот, речиси сите медиуми пишуваат дека оваа одлука
била неочекувана.

Скај Спорт вели
дека играчите биле изненадени, а и самиот Винченцо Монтела, кој
пристигнал во Миланело со намера да го предводи денешниот тренинг.

Исто така
лидерите на Милан немале храброст да му ги соопштат лошите вести на Винченцо
Монтела во лице.

Ниту
претседателот Марко Фасоне, ниту спортскиот директор Масимо Мирабели не нашле
доблес да се сретнат со Винченцо Монтела или пак да разговараат по телефон,
стратегот за отказот бил известен од нивен соработник.

Се шпекулира дека
Марко Фасоне и Масимо Мирабели уште синоќа знаеле дека Винченцо Монтела повеќе
нема да биде тренер по консултациите со сопственикот Ли Јонгхонг во доцните
вечерни часови, кој донел одлука дека е време за промени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани