Срамна глума на Мбапе против поранешниот клуб! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид имаше старт за заборав во полуфиналето на Светското клупско првенство, „кралскиот клуб“ прими три гола од ПСЖ за само 25 минути и беше целосно надигран во воведната фаза од мечот.

Меѓу оние кои се најдоа во центарот на вниманието беше и Килиан Мбапе, но не по добро. Французинот направи потег кој сигурно ќе предизвика бројни критики: во обид да изнуди пенал по дуел со Жоао Невеш, се фрли без контакт и остана да лежи на тревникот повеќе од една минута.

Најбизарното од сè е што со тоа ја прекина потенцијално опасната контра на сопствениот тим, што дополнително ја зголеми фрустрацијата кај фановите на ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×