Спортскиот директор на Спортинг заврши во болница по напад на фанови откако тимот беше понижен од Бенфика

by
1 минути читање

Спортинг Лисабон има ултрас фанови со „краток фитил“ кои реагираат на секој резултат кој го урива имиџот на клубот. Така беше и синоќа кога Бенфика го доби градското дерби со 5-0.

Стефан Ристовски не беше во комбинација за овој меч поради опоравувањето од повредата која ја има, но неговите соиграчи тотално потфрлија на теренот.

По мечот спортскиот директор на клубот бил нападнат од 15 навивачи и завршил во болница, ваквата информација ја потврди претседателот на Спортинг Лисабон, Фредерико Варандаш.

„Тука беа претседателите на клубовите, премиерот, претседателот на државата, секретарот на министерството за спорт дури и претседателот на федерацијата. Тие сите го видоа ужасот на фудбалот. Спортскиот директор на Спортинг беше нападнат од 15 кукавици и дивјаци кои не можат да бидат во спортот. Тој требаше да отиде во болница каде му беше укажана помош“, вели Фредерико Варандаш.

„Ова е срамота. Мора да имаме храброст да ги исфрлиме овие кукавици, сите кои се однесуваат така“.

По крајот на мечот фудбалерите на Спортинг Лисабон кои традиционално ги поздравуваат фановите, беа навредувани, добија свирежи, но и бели марамчиња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×