Македонскиот репрезентативец
и член на Палермо, 27 годишниот Илија Несторовски блеска и оваа сезона, откако
постигна девет погодоци на десет настапи во Серија Б, а пред него е голем
предизвик претстојниов викенд.
Се чини дека тимот од
Сицилија е мошне внимателен во случајот со Несторовски, па така, спортскиот
директор на Палермо, Фабио Лупо за тамошните медиуми ги објави деталите од тоа
како се одвиваат преговорите изминатиов период за нов договор за нашиот
интернационалец.

„Со фудбалерот веќе
имаме започнато преговори, тој е среќен овде и воедно приврзан кон клубот, ќе
биде заедно со тимот против Кремонезе. Контактот со неговиот агент е
воспоставен па ќе видиме како ќе се одвиваат работите околу оваа тема“ изјави
Лупо. Актуелниот важечки договор на Несторовски со Палермо истекува во 2019. година.
Лупо додаде тоа што
Палермо успеал да го добие Несторовски за време на репрезентативната пауза, не
е победа на клубот, туку е победа во однос на заедничкиот јазик усогласен
помеѓу италијанскиот второлигаш и Македонија.
Нашиот напаѓач најави
дека може да го надмине рекордот на Лука Тони кој во една сезона постигна 30
погодоци, велејќи дека тој може да стигне до бројката од 31 гол.
Она што е сигурно,
Македонецот има можност во недела против Кремонезе повторно да стигне до ист
учинок како и ланската сезона, да погоди во противничките мрежи четири пати во
низа, а доколку го надмине и тоа, би било историја за него, за тоа пишуваат и
медиумите во Италија.
