Спортскиот директор на Милан: Модриќ во соблекувалната се однесува како да има десет години!

by 24 фудбал
1 минути читање

Трансферот на Лука Модриќ во Милан веќе сега се покажува како еден од најдобрите потези на клубот во летниот период.

Хрватскиот капитен за многу кратко време стана лидер и во соблекувалната и на теренот и уште еднаш потсети за каков играч од светска класа станува збор. Спортскиот директор на Милан Игли Таре на Социјал Фудбал Самитот во Торино не можеше да ги избегне прашањата за влијанието на Модриќ врз тимот.

Лука има нетипичен карактер, а да го видите како во соблекувалната слави како десетгодишник по победите, тоа е најдобрата работа на светот“, рече спортскиот директор на Милан.

Таре одигра значајна улога во реализацијата на трансферот. Почетокот на јуни допатува од Милано во Риека на собирот на хрватската репрезентација со цел лично да го договори доаѓањето на Модриќ во клубот. Околу еден месец по тој состанок, хрватскиот ас официјално го потпиша едногодишниот договор со Милан со можност за продолжување на уште една сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×