Спортскиот директор на Лидс најави пресврт во случајот со Алиоски

by
2 минути читање

На повидок е
голем пресврт во однос на нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски во однос на
неговата иднина, ако се земе во предвид дека претходниот период многумина веќе
го видоа во турски Галатасарај, за денеска работите да се движат во една сосема
поинаква насока.

Како што е
познато, 29 годишниот Алиоски има активен договор со Лидс до крајот на јуни, а
иако се шпекулираше дека тој заврши со Премиерлигашот, сепак, спортскиот
директор на тој клуб, Виктор Орта, кој при преземањето на таа позиција веднаш
го доведе популарниот „Џани“ во Лидс, најавува пресврт во случајот со
Македонецот.

Навистина не
знам, тој има договор до 30 јуни, тој добро ја разбира нашата позиција, а
истовремено и јас лично ја разбирам неговата позиција. Последниве неколку
денови имавме добра конверзација, лице во лице, тоа навистина е потребно во
овие моменти, јас го прашав три работи, а неговиот одговор ме направи многу
среќен, сега се
преостанува
на него
“ вели Орта, кој практично речиси директно наведе дека Алиоски ќе
потпише нов договор во периодот кој претстои.

Сега треба да
одлучи во однос на тоа што сака да биде идната сезона, во овој случај не се
работи за Лидс, се работи за него лично, морам да го пофалам Џани за една
работа, тој нема голем договор, но нивото на интензитет кој го покажа со своите
перформанси на последните десет натпревари без договор… Сето тоа ме направи
многу горд поради интензитетот и физичкиот влог кој го имаше на тие натпревари

додава тој, алудирајќи на фантастичните перформанси на Македонецот во
завршницата од сезоната во Премиерлигата, каде Лидс на крајот заврши на одличното
деветто место, иако целта беше опстанок во елитното друштво.

Сето тоа ме
убеди во многу работи за него, ме доведе до ситуација добро да размислам дали
тој ќе игра за нов тим, но тој имаше понуди и претходно, знам дека имаше, но
тој играше на ова ниво поради тоа што сака да остане тука со нас, се
почувствував навистина горд, неговото однесување од самиот почеток на сезоната
до самиот крај беше неверојатно
“ заклучи Орта.

Се верува дека
нашиот репрезентативец заработува околу 55,000 фунти неделно, а според тоа на
годишно ниво платата му изнесува околу 2,640,000 фунти, па останува дилемата
дали ќе добие нешто подобар договор од моменталниот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×