Спортскиот директор на Јувентус се сретнал со сопругата на Икарди на Ибица?!

by
1 минути читање

Аргентинецот не е
дел од плановите на Антонио Конте и се очекува летоска да замине од Џузепе
Меаца, а можна следна дестинација е лутиот ривал Јувентус.

Спортмедиасет и
Газета дело Спорт сега пишуваат за можна средба помеѓу спортскиот директор на
„Старата дама“, Фабио Паратичи и сопругата на напаѓачот, Ванда Нара.

Извештајот вели
дека Фабио Паратичи со приватен авион вчера отпатувал на Ибица и бил забележан
во Гранд Хотел, каде престојува Ванда Нара.

Дека нешто се
крчка, Ванда Нара денеска скокнала до Милано на шест часа по работни обврски, (потврда за ова има и
од нејзиниот пост на Инстаграм), а во исто време во Милано бил и Фабио
Паратичи. Па Спортмедиасет и Газете дело Спорт
велат дека тоа што двајцата два дена биле на исто место не е коинциденција.

Се верува дека
Интер е расположен да го испрати Мауро Икарди во Јувентус но само доколку за
возврат го добие Пауло Дибала.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×