Спортскиот директор на Баерн со пофалби за својот колега од Реал: Треба да му се изгради споменик за трансферот на Асенсио

by
1 минути читање

Марко Асенсио, кој во 2014 беше купен од Мајорка за 3,5 милиони евра, оваа сезона доби
шанса да покаже што умее во првиот тим на „Кралевите“ и импресионираше со своите
настапи.

21 годишниот Шпанец често ужива
поголема доворба кај Зинедин Зидан од скапо палатениот Хамес Родригез.

Од трансфер
потегот на „Кралевите“ премногу е импресиониран спортскиот директор на Баерн
Минхен, кој вели дека неговиот колега од Реал Мадрид треба да добие споменик.

„Хосе Анхел
Санчез заслужува да добие споменик за трансферот на Марко Асенсио вреден 3,5
милиони евра
– вели Михаел
Рашке во разговор со медиумите од Шпанија.

„Во моментов Реал
Мадрид не би го продал ниту за 50 милиони евра
.

„Ние имавме
слична зделка со Џошуа Кимих.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани