Спортскиот директор на Аталанта „удри“ по Копмајнерс: Не можевме да поверуваме што направи, три недели…

by bojan
1 минути читање
Копмајнерс

Спортскиот директор на Аталанта, Тони Д’Амико открива дека Теун Копмајнерс три недели не се појавил во тренинг центарот со намера да изнуди трансфер во Јувентус.

Теун Копмајнерс беше една од главните трансфер цели на Јувентус ова лето, по долги преговори, Холанѓанецот се пресели во Торино во зделка вредна околу 60 милиони евра.

Во намера да изнуди трансфер, фудбалерот од средниот ред реши да штрајкува, потег кој не им се допадна на „црно-сините“ од Бергамо.

„Тешко е фудбалер од Аталанта да каже НЕ кога ќе добие понуда од Јувентус“ – вели спортскиот директор Тони Д’Амико.

„Сакавме да го заджиме, но неговото однесување не стави во нечуена ситуација. Три недели не се појави во тренинг центарот, не можевме да поверуваме што прави“.

„Целата работа можеше да се изменаџира на еден друг начин“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани