Спортинг со соопштение до португалската берза ја откри финалната вредност на трансферот на Виктор Ѓокереш во Арсенал, клубот од Северен Лондон ќе плати околу 76 милиони евра.
Заврши трансфер сагата на Виктор Ѓокереш, напаѓачот вечерва и официјално беше потврден како ново засилување за Микел Артета.
Изминативе денови често се пишуваше дека „топчиите“ ќе платат околу 63 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 10 милиони евра, но на крајот испадна дека трансферот ќе чини нешто повеќе.
Спортинг во известување до португалската берза откри дека Арсенал ќе плати околу 76 милиони евра, односно 65,76 милиони како фиксен дел и 10,25 милиони во форма на бонуси.
Клубот од Лисабон исто така потврди дека агентите на Виктор Ѓокереш се откажале од провизијата од 10%, или во случајов 7,6 милиони евра.
ФОТО: X/Arsenal FC