Спортинг ја надополни големата негатива и го исфрли Бодо/Глимт од ЛШ! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Спортинг Лисабон влезе во малото одбрано друштво на екипи кои минале нокаут дуел по три гола негатива, денеска португалскиот тим го победи Бодо/Глимт со 5-0 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Уште од самиот старт на мечот Спортинг со полна верба тргна офанзивно кон победа, а резултатот го отвори Инасио во 34. минута, водство од 1-0, со кое беше завршено првото полувреме.

По 15 минути игра во второто полувреме Спортинг зголеми на 2-0 со гол на Гонсалвеш.

Во 78. минута беше досуден пенал за Спортинг по играње со рака на фудбалерите на Бодо. Најстрогата казна ја реализираше Суарез за водство од 3-0 и израмнување на конечниот резултат.

Немаше нов гол до крајот на регуларниот тек, па мечот отиде во продолженија. Во нив домаќинот даде уште два гола.

Најпрво Араухо погоди во 92. минута за 4-0, а потоа во 121 минута реализираше и Нел за конечна победа од 5-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×