171
Спортинг втора
година по ред се радува на трофејот од Лига купот на Португалија, вечерва во
големото финале ја доби пресметката со лутиот ривал Порто.
Популарните
„змејови“ беа на прагот на победата откако поведоа со голот на Фернандо во 79. минута од мечот, но во
последните мигови од регуларниот дел, со помош на ВАР, судијата досуди
најстрога казна за Спортинг, а Баст Дост погоди од белата точка за 1-1.
Победникот беше
решен во пенал серија, каде „лавовите“ ја задржаа концентрацијата, погодија
три, за разлика од Порто, каде само Алекс Телеш шутираше прецизно.