Спортинг доведе нов тренер и за него ќе плати половина од сумата која ја доби за Аморим

by Стефан
1 минути читање

Со Аморим на клупата одеше одлично, но по неговото заминување португалскиот тим се мачи, а тоа доведе до брза смена на клупата.

Денеска Спортинг потврди дека наследникот на Аморим, Жоао Переира ќе го напушти кормилото.

Познато е и кој ќе го замени, пристигнува Руи Боргес од Виторија Гуимараеш и за него платија речиси половина од сумата која ја добија за Аморим од Манчестер јунајтед. За Аморим, Манчестер јунајтед плати 10 милиони евра, а сега Спортинг на Виторија ќе и плати нешто повеќе од четири милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани