Со тоа што УЕФА
се согласи да се презакаже Европското првенство, кое наместо годинава, ќе се
одржи идната, а воедно истото го сторија и во Јужна Америка за Копа Америка, со
тоа им се даде олеснителна околност на клубовите.
Повеќето
првенства се суспендирани, таков е случајот и со шпанското, па сега првиот
човек на Ла Лига, Хавиер Тебас работи на можното сценарио околу враќањето на
програмата на шпанскиот фудбалски шампионат.
Остануваат уште
11 кола во најсилниот шампионат на Шпанија, Барселона во моментов е лидер, а „Спорт“
известува дека Тебас разгледува три можни сценарија.
Во случај
пандемијата со коронавирусот да опаѓа, натпреварувањето ќе продолжи на 23
април, а во случај подобрувањето на ситуацијата да се движи нешто поспоро, во
таков случај лигата би можела да се врати на програмата на почетокот од мај.
Третото,
најпесимистично сценарио, го наведува датумот 14 мај, а тоа би значело дека
шампионатот би требало да се заврши во рок од само шест седмици пред крајот на
јуни.
Претседателот на
шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, не сака да говори околу можните
датуми, но инсистира на тоа дека 30 јуни не претставува краен рок.
Рубиалес посакува
се’ да биде во целост
комплетирано, дури и во случај да има потреба да се одложи стартот на идната
сезона.