Кике Сетиен
побара нов напаѓач како замена за повредениот Луис Суарез и Барселона стокми
листа со желби на која на врвот беа Пјер Емерик Обамејнаг, Родриго и Тимо Вернер.
Габонецот и
Германецот за кратко време беа шкртнати поради одбивањето на Арсенал и РБ
Лајпциг да дадат зелено светло, па Барса се насочи кон голгетерот на Валенсија.
Според пишувањата
на каталонскиот весник Спорт, Бразилецот со шпански пасош веќе кажал ДА и го овластил
својот агент Жорже Мендеш да стори се што може за Барселона и Валенсија да си
подадат рака, суперагентот е добар пријател и консултант на сопственикот на „лос
че“, Питер Лим.
Се верува дека
Валенсија бара 60 милиони евра за Родриго, додека пак „каталонците“ инсистираат
да го добијат напаѓачот на позајмица за која ќе платат 8-10 милиони евра, а да имаат и опција да го откупат играчот за додатни 50 милиони евра но дури по 1. јули,
за да не се оптовари буџетот за оваа сезона.