Челси наводно е
мошне близу да постигне договор за трансфер на Филипе Кутињо, кој според
последните информации е поблиску од било кога до враќање во Премиерлигата, каде
пред две години играше во дресот на Ливерпул.
Бразилскиот
плејмејкер не успеа да се наметне во Барселона, ниту во Баерн Минхен каде
играше на позајмица, а извесно е дека Германците нема да го задржат во
сопствените редови, па Челси се споменува како негова идна дестинација.
Баерн Минхен има
опција за 120 милиони евра да го откупи договорот на 27 годишниот Кутињо со
Барселона, но, до тоа се’ поизвесно
е дека нема да дојде, а како што пишува шпанскиот весник „Спорт“, оваа
ситуација ја отвора вратата за Челси да повлече потег за Бразилецот, за кого
истовремено наведува дека е многу близу до договор со Премиерлигашот.
Шефот на
стручниот штаб на Челси, Френк Лампард верува дека Кутињо е калибар на фудбалер
кој би го кренал клубот на едно повисоко ниво, на она на кое во моментов се Ливерпул
и Манчестер Сити, а во Челси очекуваат да се замешаат во битката за титулата
идната сезона во Премиерлигата.
Како и да е, убаво е да се напомене тоа што го подвлекува „Спорт“, дека вториот дел од мисијата за потписот на Кутињо не би бил лесен во споредба со преговорите со фудбалерот, ако се земе во предвид дека во Барселона сакаат да покријат голем дел од трошоците кои беа за трансферот на Кутињо (160 милиони евра), а наводно Каталонците би се согласиле на околу 90 милиони евра.