Во пресрет на новата сезона од Лигата на шампионите, компанијата специјализирана за статистика „Опта“ со помош на својот СуперКомпјутер ги извади процентите со шанси на екипите.
Прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите е Ливерпул со 20,4 проценти, втор е Арсенал со 16, а трет е бранителот на трофејот, ПСЖ со 12,1 процент.
Интересно, на Реал Мадрид му даваат само 5,8 проценти шанси, што е исклучително мало доколку се земе во предвид историјата на кралскиот клуб во ова натпреварување, но и сегашноста.

Многумина ја исмејуваат оваа прогноза бидејќи има многу нелогичности, не само онаа со Реал Мадрид, туку и Клуб Бриж има повеќе шанси од Атлетико, Јувентус и Аталанта.
„Опта“ е најдобра за статистика, но веројатно не и за прогнози. Останува да видиме како ќе заврши сезоната и како ќе помине оваа нивна прогноза.