Спонзорски договор може да му донесе суспензија на првиот голман на Астон Вила!

by 24 фудбал
1 минути читање

Астон Вила со внимание ја следи ситуацијата околу својот голман Емилиано Мартинез, кој се најде под истрага на Фудбалската асоцијација на Англија.

Причина за постапката е неговата соработка со обложувалница од Аргентина, каде што Мартинез има улога на амбасадор на брендот. Според правилата во Англија, активните фудбалери не смеат да имаат промотивни договори со компании поврзани со игри на среќа.

Договорот со обложувалницата траел околу 18 месеци, а англиската ФА сега проверува дали со тоа се прекршени регулативите.

Доколку се утврди вина, аргентинскиот голман би можел да добие суспензија до шест месеци, што би било сериозен удар за Астон Вила во финишот од сезоната. Во клубот се надеваат дека случајот ќе заврши само со парична или условна казна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×