Викенд авантурата
со моделот Нажила Триндаде може скапо да го чини Нејмар. Девојката веќе го
обвини фудбалерот дека ја силувал во Париз и сега тој ќе треба да ја докажува
својата невиност за да куртули затвор и проблеми со законот.
Сето ова сигурно
ќе има и економски последици врз играчот, спонзорите полека му го вртат грбот
на Бразилецот.
Прв кој на еден
начин му откажа љубов е Мастеркард. Финансискиот гигант од САД соопшти дека ќе
биде суспендирана рекламната камања која требала да се одвива за време на Копа
Америка а Нејмар требал да биде главна ѕвезда.
„Имавме серија на
маркетинг активности планирано за време на првенството, требаше да промовираме бесконтактно
плаќање. Одлучивме да ги стопираме овие активности во кои требаше да учествува
нашиот главен амбасадор Нејмар, се додека не се расчисти целиот случај“ –
гласеше известувањето.
Уште еден
американски бренд, Најк изрази загриженост а скандалот му пречи и на Ред Бул.