Спировски: Знаеме кој е Фенербахче, но ќе се бориме за пласман во групната фаза од Лига Европа

by
1 минути читање

Вардар немаше многу среќа во ждрепката, го доби турскиот гигант Фенербахче кој е редовен учесник во групните фази во Лигата на шампионите или Лига Европа.

„Фенербахче е силен противник, еден од најсилните кои што можеа да ни се паднат. Секоја година игра во групна фаза во Европа, и секоја сезона се бори за титулата во Турција. Ќе бидат два интересни натпревари, верувам дека трибините ќе бидат полни и на двата меча и ќе играме пред добра атмосфера. Противникот е силен, меѓутоа ќе одиме да се надигруваме и да се обидеме да направиме добар резултат и да се обидеме да влеземе во групната фаза од Лигата на Европа“ – вели Стефан Спировски за официјалниот сајт на Вардар.

Слично размислува и Дамир Којашевиќ.

„Да бидам искрен од сите тие пет екипи кои беа можни противници, нѝ се падна најтешкиот тим за ривал. Тоа е што е, одиме да се надигруваме и се надеваме дека ќе излезе добро за нас. Покажавме во Лигата на шампионите дека можеме да се носиме со секого, освен на оние лоши последни 15 минути во Копенхаген кои треба да ги заборавиме. Нашата цел е да пројдеме. Не стравуваме од Фенербахче, иако имаат добри играчи и големи фудбалски „ѕвезди“. Фудбалот е тимски спорт, а не индивидуален. Нас не краси тимски дух и се надевам дека ние ќе излеземе како победници од двата натпревари“ – вели Којашевиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани