По ремито без
голови на домашен терен во дебито на Благоја Милевски на коримилото на
сениорите, Македонија утре има дуел со Исланд во Рејкјавик.
„Рибарите“ се во резултатска
криза, имаат дури осум порази на последните девет натпревари, па „црвено-жолтите“
имаат шанса за победа и останување во трка за второто место на табелата.
„Натпреварот со
Ерменија беше прв за нас со новиот селектор, со нови замисли, нови иди и мислам
дека добро се прилагодивме на стилот што го бара селекторот. Сепак, Ерменија
добро се бранеше, ние не ги искористивме шансите кои ги креиравме, но затоа сега
имаме можност против Исланд да се поправиме, да се обидеме да ги надоместиме
двата изгубени бода“ – вели Стефам
Споровски.
„Тоа што некои
фудбалери немаат минутажа не е проблем, тука сме да играме за Македонија, а се
друго останува зад нас. Максимално сме подготвени и го даваме најдоброто од
себе“.
„Ако ја тргнеме
Германија на страна, мислам дека групата е израмнета и сите имаме шанси за
второто место. За нас ова е убава шанса да ја минеме Ерменија и да направиме
чекор напред кон тоа второ место кое води во баражот“.
Фото:ФФМ