311
Стефан Спировски става
крај на авантурата во Ференцварош и кариерата ќе ја продолжи во Израел, репрезентативецот
на Македонија од денеска е нов член на Хапоел Тел Авив.
Како што
пренесуваат медиумите од Израел, фудбалерот од средниот ред утрово ги поминал редовните
лекарски прегледи и со раководството на клубот си подал рака за двегодишен
договор.
Одредени извештаи
велат дека Стефан Спировски ќе заработува 150.000 евра по сезона плус бонуси, но
има и стории кои велат дека неговата плата ќе биде 160,000 евра, а тој добил и
премија од 20.000 евра за потпис на документите.