Спировски по 10 месеци пауза се врати на терените со прекрасен гол (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Фудбалерот од средниот ред долго време беше надвор од стројот поради повреда на коленото, и денеска ги одигра првите минути по ноември 2018 година.

Стефан Спировски на одличен начин се врати на терените и постигна прегласен гол за Ференцварош на гостувањето кај Пушкаш Академија. Тој без многу размислување пласираше од далечина и го матираше подизлезениот голман на домаќините за водство од 0-1.

Сепак, мечот не заврши добро за Македонецот и Ференцварош. Акдемија Пушкаш во продолжението направи комплетен пресврт и на крајот славше со убедливи 4-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×