Вардар синоќа славеше голема над Фенербахче, 2-0 е фантастичен резултат, но потребни се уште 90 минути тешка борба против турскиот тим, овој пат на негово тло.
„Беше тежок и цврст натпревар, онака како што и очекувавме пред почетокот. Ние го оставивме срцето на терен, одигравме храбро и тимски и уште еднаш на овие европски натпревари покажавме дека можеме да се носиме со големите екипи. Сите сме благодарни на поддршката на навивачите, и посакуваме да ги израдуваме и после реваншот на гостински терен, и се надеваме дека ќе им приредиме најубав подарок, а тоа е пласман во групите во Лигата на Европа“, вели Спировски за официјалниот сајт на Вардар.
„Предноста е добра, но уште ништо не е готово. Знаеме дека на реваншот ќе биде многу тежок натпревар во кој, како што кажа и нашиот тренер, ќе одиме да постигнеме гол и да си ја олесниме работата. Верувам дека ќе успееме да му донесеме успех на клубот и да ја израдуваме целата македонска јавност. Имаме добра предност сега и ќе треба да одиграме уште еден натпревар да дадеме максиум и да дојдеме до посакуваната цел“.