Македонските фудбалери се подготвуваат за големиот настан, настапот на Европското првенство, денеска на медиумите им се обрати Стефан Спировски.
„Еуфоријата спласна, таа е минато. Сега сме комплетно насочени кон тоа добро да се подготвиме за Европското првенство. Горди сме што ќе ја претставуваме Македонија на едно големо натпреварување. Немаме трема, но чувствуваме одговорност пред македонската јавноста да се претставиме во најдобро можно светло“, вели Спировски.
„И во АЕК Ларнака се горди што јас и Тричко ќе играме на Европско првенство, мислам дека они никогаш немале фудбалери во тимот кои играат на големо натпреварување, па сигурно ќе навиваат за нас, значи ќе имаме поддршка и од Кипар“.